Ако сте некој што сака да патува и ужива во пробување различни јадења, без притоа да мора да се грижите за трошоците, совршената можност за вас штотуку пристигна! Во продолжение прочитајте за што станува збор и каде можете да аплицирате!

Компанијата за храна, Vibrant Vegan Co, штотуку го смисли најдобриот план како да истражува помалку познати и возбудливи состојки- Ќе вработи личност која ќе ја испрати да патува на егозтични дестинации во потрага по нови деликатеси.

Во светот постојат илјадници состојки и рецепти кои сеуште се непознати во Британија, а ние сакаме да бидеме првите кои ќе му ги претставиме на британскиот потрошувач, па така се надеваме дека нашиот нов вработен ќе успее да ја оствари нашата мисија– велат од компанијата.

Кандидатот кој ќе биде изберен, ќе биде платен околу 60.000 евра на годишно ниво, а притоа сите патни трошоци, летови и сместувања ќе бидат покриени од страната на самата компанија.

Азија, Јужна Америка и Источна Европа се само дел од дестинациите вклучени во договорот.

Кој може да аплицира?

Патувањето ќе ги опфати и земјите како Индија, Кина, Чиле, Турција, Мексико и Јапонија, а предвидено е да се работи 35 часа неделно со флексибилно работно време и доколку се разболите, ќе добиете платено боледување, а ве следува и одмор од 28 дена, како и плата од 60.000 евра.

Иако целта е да се истражуваат и вегански рецепти, не е услов да бидете веган.

За да ја добиете работата, потребно е да имате најмалку 3 години работно искуство во прехрамбената индустрија или искуство како готвач.

Целосните детали и како да аплицирате, можете да ги пронајдете тука.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и подоцна и официјално изберени доколку поминат понатаму.