Бренд ја објави својата нова колекција за полни девојки и трајно воведе големини до XXXL, а дизајните се неодоливо прекрасни
По трети пат, овој бренд лансираше колекција за полни девојки, но овој пат разликата е што благодарение на оваа колекција, брендот трајно ги воведува поголемите броеви во своето производство.
Станува збор за американскиот еко-бренд Реформејшн (анг. Реформација) кој е препознатлив по тоа што секое парче поединечно се труди да го дизајнира така што ќе биде практичено, одржливо и истовремено неверојатно модерно.
“Ајде конечно да го направиме тоа! Проширувањето на изборот на различни и поголеми броеви дојде за да остане засекогаш во нашиот бренд!”– напишаа гордо од брендот на неговата официјална страна.
Во продолжение следува нивната нова пролеттна колекција која официјално и трајно вклучи големини до XXXL.
Сите парчиња се создадени да бидат практични, а истовремено во нив девојките и жените ќе се чувствуваат прекрасно, дизајнирани токму навреме за пролеттната сезона.