Најстариот човек во Англија конечно ја откри неговата едноставна тајна за долг живот, откако во Петокот наполни 111 години. Во продолжение прочитајте го негов урнебесен, но и логички одговор.

Среќен роденден Боб!

Боб Вејтон е роден во малото англиско гратче Хул, на 29-ти Март, во далечната 1908-ма година. Голем фан е на трилогијата Господар на прстените, а сега неговите денови како пензионер ги поминува во неговиот удобен и скромен стан.

На неговиот роденден, при кој прослави легендарна цифра од 111 години, Боб го понуди својот совет за долговечен живот.

На прашањето како успеал да достигне толку долг живот, Боб за британското списание “The Mirror”, одговорил:

“Со избегнување да умрам, нема друга причина”– изјавил Боб.

Едноставно не умирајте, толку е едноставно, а кога ќе подразмислите, одговорот е и сосема на место, фер и логички!

За себе Боб додал, дека ги има вообичаените лузни, грипови, настинки, 2-3 операции, како и сите останати просечни луѓе. Треба да бидам мртов, ама јас сум преживеан, ако преферирате така да ме наречете.

Истовремено, не му се допаѓа вниманието што го добива, но пак, од друга страна сака да запознава нови луѓе кои биле на различни места во светот и искусиле што значи да се биде човек.

На прашањето зошто одбил да се сретне со нејзиното Височество, Кралицата Елизабета, одговорил дека за оваа одлука има сосема разумна причина, а тоа е дека кралицата не би требало да троши средства за да му испраќа поклони и да му го честита роденденот. Не гледа причина за тоа, бидејќи неговиот роденден не е нејзина лична работа.

Боб има 3 деца, 10 внуци и 25 правнуци.

За светот вели дека оттогаш до денес, не се сменил многу. Основниот концепт е ист, луѓето меѓусебно комуницираат со други луѓе, како и тогаш, така и денес, а тоа е и неговиот мотив, поттикнувајќи ја интеракцијата меѓу луѓето.

Па, што мислите? Дали советот на Боб е навистина се што ни треба за долг живот? 🙂