Огромни “гради” се појавија над зградите во Лондон, а причината е уште поголема
Граѓаните на Лондон овој викенд беа соочени, а воеднo и збунети од појавата на џиновски “гради”, кои надвиснаа на крововите на урбаните згради.
Несоменено, реакциите беа пропратени со насмевки и поруменети образи на случајните минувачи, слатко-шокирани од овој изненадувачки спектакл, но “градите” истовремено беа поставени и за една многу важна цел.
Претставени крајно реалистични со сите можни детали, а поставени во лондонската област Шоредич по повод прославата на Денот на мајката, кој во Британија се слави на 31-ви Март, целта воедно беше и надеж конечно да се урнат предрасудите и стигмата на застарените општества околу јавното доење и измолзување млеко со помош на пумпа, како помагало.
Уметничките инсталации се креација на технолошката комапнија Елви, која се залага за подобрување на животот на жените и нивните права, притоа користејќи ја иновативната технологија.
Кампњата е насловена како #ОслободетеГоХранењето (анг. “FreeTheFeed”), која има за цел да им помогне на жените да се чувствуваат сигурни, моќни и да им биде удобно додека дојдат во јавноста.
“Секоја жена има право да одлучи како и каде ќе ги нахрани своите деца, без да се чувствува вина или да се срами поради нејзините правилно донесени родителски одлуки. Нашата кампања стои зад секоја жена која била засрамена и на еден начин попречена да го дои своето дете.”– изјавиле од компанијата
Концептот наиде на илјадници одобрувања и позитивни реакции, пропратени со коментари дека навистина е смешно жените во 21-ви век сеуште да мора да се борат за своите права, особено за ваквко нешто, кое е и природен процес, што се подразбира дека мора да се направи.
Делата високи 6 метри може да се најдат во Вилиџ Андерграунд, Ханингтон Индустријал, како и Колумбија Роуд и Колумбија Роуд 55.