Што правите во слободно време? Кога сте среќни, вашето хоби не е само забава, тоа исто така ја зголемува вашата интелигенција.

Одите на кино, пливање, свирите на гитара … Што е вашето омилено хоби? Истражувањата покажаа дека некои рекреативни активности може да ја зголемат вашата интелигенција.

Правење музика

Дали пијано, гитара или труба: Оние кои свират на музички инструмент, ја зголемуваат својата интелигенција . Затоа тие имаат подобри аналитички вештини, фина моторика и креативност.

Пишување

Според една студија објавена во списанието “Psychological Science”, пишувањето влијае на нашето размислување и не прави попаметни. Па ајде да пишуваме, земете пенкало и напишете неколку песни.

Читање

Исто како пишувањето и читањето е вежба на нашите когнитивни вештини. Фактот што треба да се поврзат многу зборови, ние вежбаме препознавање на модели и процеси.

Видео игри

Што? Играњето видео игри е глупаво, нели? Не, не сите. Кај некои игри на “Плејстејшн”, дури може и да се поттикнат когнитивните процеси, како на пример меморија, просторно и стратешко размислување. Една студија од Charité покажа дека 30 минути играње видео игра на ден е корисно за нашиот мозок (во експериментот се игра “Супер Марио 64”).

Спорт

Не е важно каков спорт правите: Ако се движите редовно, ќе се поттикне циркулацијата на кислород во вашиот мозок. Некои спортови, како кошарка или фудбал го подобруваат просторното размислување и моторни вештини. Патем, логичките игри го вежбаат мозокот – особено кога станува збор за стратешки вештини. Шахот, исто така, се смета за добра превенција од Алцхајмерова болест.