“Плачев секој ден!”…Девојка која со години ја прикривала псоријазата со шминка, сега конечно се прифатила себе си и воодушевува со својот изглед!
Студентката која толку многу се срамела од своето тело и кожа и притоа, станувала секој ден во 6 часот наутро за да ја прикрие псоријазата, сега конечно научила да се сака себе си, а луѓето се воодушевени од нејзиниот изглед.
На 20-годишната Софија Чен, од Колорадо, кога била на 16-годишна возраст за првпат и била дијагностицирана псоријаза. Првично, мислела дека белезите се како резултат на убод од некој инсект. Но, состојбата набрзо се влошила и псоријазата се проширила врз целото тело, а го зафатила и нејзиното лице.
Софија навистина не знаела што се случува со неа, бидејќи претходно немала никаков проблем со нејзината кожа, ниту пак воопшто имала минато со акни.
Кога состојбата го достигнала својот врв, Софија заедно со родителите, посетила 5 дерматолози и сите петорица констатирале дека станува збор за псоријаза.
Некои од нив и препорачале да се обиде со солариум, други пак оделе во крајност и препорачувале хемотерапија.
“Најпрво мислев дека е убод од инсект. Но, кога ситуацијата се влоши, бев едноставно премногу очајна. Отсекогаш имав беспрекорна кожа, никогаш сум немала акни и чувствував дека сегашната моја состојба мора веднаш да ја прикријам со шминка!”– вели Софија
Се обидела да стана дури и веганка, со надеж дека тоа ќе и ја реши ситуацијата. Софија станувала секој ден во 6 часот наутро и започнувала со својот ритуал на шминкање по целото тело, односно прикривање на псоријазата со пудра, при што додава:
“Плачев секој ден и во тоа време, нема воопшто самодоверба. А целиот процес на шминкање беше едноставно исцрпувачки, особено бидејќи воопшто не ми ни помагаше како што треба.”
Но, сега мрачните денови се зад оваа 20-годишна студентка и спортистка која конечно научила да се прифати и сака себе си:
“Сега апсолутно ја обожавам мојата кожа! Го обожавам нејзиниот изглед!”– изјавила Софија.
Откако се преселила и започнала со факултет, таа си ја повратила самодовербата, благодарение на нејзината цимерка која постојано ја прашувала зошто воопшто се обидува да ги сокрие нејзините прекрасни шари.
Денес, позитивните коментари и комплименти не изостануваат ни од бројните следбеници кои Софија ги има на нејзините профили на социјалните мрежи.