Родители сурово се пошегуваа со својата 6-годишната ќерка за 1-ви април и добија остри критики од луѓето
Популарен пар на Јутјуб, решиле по повод Денот на шегата да се пошегуваат со нивната мала ќерка, но за жал, нивната шега беше се, освен смешна. Во продолжение погледнете како изгледаше сетоа тоа.
Кол и Савана Лебрант имаат повеќе од 8 милиони следбеници на нивниот Јутјуб канал познат како “Лабрант Фам”, каде што ги хронолошки го претставуваат нивното секојдневие. Заедно тие имаат две ќерки, 6-годишната Еверлеј и новороденчето Пози, а член на семејството е и померанецот Карл.
Овој Понеделник, на 1-ви април, парот објави видео по повод Денот на шегата, а видеото беше именувано како “Мораме да го дадеме нашето куче…Збогување засекогаш”
На половина од 14-минутното видео, семејството одмара во дневната, а Еверлеј е прикажана со главата под перница.
“Ние само требаше да и соопштиме една лоша и тажна вест, за која таа не знаеше и сега мајка и конечно и кажа.”– вели Кол.
Потоа парот наведува причини зошто одлучиле дека мора да го подарат кучето на некој друг, а реакцијата на 6-годишната Еверлеј е срцепарателна, поради што парот се соочи со остри критики на социјалните мрежи.
Еве како изгледаше сето тоа:
https://www.youtube.com/watch?v=wdo2qhUIoEk