Бабите и дедовците се нашиот бескраен извор на мудри мисли и поучни совети. Никогаш не престануваат да не изненадуваат и затоа се навистина големо богатство во животот на помладите, особено имаат огромно значење за внуците. Во продолжение следуваат 20 фото-докази зошто тие се и најзабавните луѓе!
1. Мојата баба ја ‘фотошопирала’ едната мачка за да биде заедно на слика со другата.
2. “Стари луѓе даваат совети. Советот најверојатно е лош, но е бесплатен”
3. “Еве како баба ми ја затвора ќесата од чипсот”
4. “Баба ми ја обожава оваа слика од мене, брат ми и мојата бивша девојка. Но, таа не ја сака мојата бивша…”
5. Дедото го нахранил уличниот мачор, а тој подоцна се вратил со неговото семејство.
6. “Баба ми секое утро има посетител.”
7. “Дедо ми се пресели во нова куќа и ги пренесе и неговите стари плочи. За тоа му требаа 2 камиони.”
8. “Баба ми има 84 години и никогаш немала таблет, но сакаше да црта. И купив еден и ја оставив сама на 30 минути со нејзината нова играчка.”
9. Бабата ја купила оваа играчка бидејќи и било жал како прасето изгледа.
10. “Дедо ми пуштил Јутјуб преку телевизорот, но не знаел како да го зголеми екранот, за да биде целосен. Па, едноставно префрлил неколку ќебиња преку деловите што не сакал да ги гледа.”
11. Овие баба и дедо веќе стасале до 37-то ниво на Покемон и продолжуваат да играат.
12. Бабата на својот внук му испратила уникатен сувенир!
13. “Мојот дедо има 13 видови на манго одгледани на едно заедничко дрво.”
14. Внуката го обожавала анимираниот филм “Inside Out”.
15. Оваа баба има генијален начин како да сече кромид
16. Бабата го изненадила дедото со нивното внуче за време на неговата работа. Не се знае кој е посреќен!
17. “Баба ми денес наполни 90 години. Секое утро оди во Мекдоналдс и денес вработените и приредија мала забава.”
18. “Баба ми може да направи шпага!”
19. Пред 60 години овој пар кажал ‘да’ на заедничкиот живот. Нивните деца, внуци и правнуци се на спратовите под нив.
20. “Дедо ми ја запросил баба ми со оваа тегла копчиња. На тоа таа го прашала дали навистина толку многу му треба жена.”