На 81-годишна возраст легендарната актерка Џејн Фонда ја краси насловната страна на Вог
Минатиот Декември го прослави својот 81-ви роденден, а моментално глуми во серијата “Грејс и Френки”, во која опфаќа бројни релевантни прашања што ги засегаат зрелите жени, при што за списанието, легендарната актерка изјави дека е горда на својата возраст.
Актерка, оскаровка, писател, продуцент, политички активист, фитнес гуру и поранешен модел, а притоа и една во милион- легендарната Џејн Фонда.
За новото мајско издание за светски познатото списанието Вог, Џејн Фонда на темата за староста и годините изјави
“Ми се допаѓа што сум на врвот од ридот, така открив дека постојат многу нови пејсажи. Фан сум на возраста. Едноставно, мило ми е што доживеав да живеам толку долго.”
Изданието се уште не е готово и ќе биде објавено и пуштено во продажба утре, 5-ти Април, но модното списание на своите официјални профили на социјалните мрежи објави мал дел, за да го привлече вниманието на сите, прикажувајќи ја Фонда како и секогаш, грациозна и софистицирана, шармирајќи облечена во уникатен фустан Том Форд и чизми од Азедин Алаја.
По објавата, пристигнаа многубројни позитивни реакции и коментари од типот: “Каква жена!” и “Неверојатна е, ја обожавам!” од илјадници фанови, кои аплаудираа на нејзината убавина и талент.
Фотографиите се превземени од официјалната страница на Вог.