Во прилог на алтернативната медицина, оваа крема наоѓа место во лекувањето на неколку состојби на организмот, од воспаление на синуси, воспаление на јајници, до отворени рани, иритации на кожата и пукнатини на кожата.

 

За подготовка на оваа домашна крема, потребни се:

  • 1 јајце
  • 400 мл. маслиново масло
  • 60 гр. пчелин восок

На оган се става сад во кој ќе се варат пчелиниот восок и маслиновото масло, кога смесата ќе се соедини,  постепено се додава жолчката од јајцето и постојано се промешува додека не се добие темнокафена смеса. Се вади од оган и се остава да се олади. По ладењето се претура во стаклен сад со капак и така се чува на ладна температура. Кремата може веднаш да се користи, иако рокот на употреба е ограничен на 8 месеци.

Рецептот повторно ни го испрати Весна Антонијевиќ од Скопје, (Направете сами: Домашна крема од невен), а еве зошто таа имала потреба да го приготви:

„Мојот сопруг долги години имаше проблем со синусите, на лекар ни кажаа дека тоа е хронична состојба и нема решение, така и пробав со оваа крема, неколку вечери правевме топли облоги, на топла памучна крпа нанесував од кремата и така заспиваше, оттогаш навака кога и да се појави болката редовно ја користиме кремата, болката за 2 -3 дена исчезнува. ”