За само 42 дена, коријандерот може да отстрани 80% од тешките метали во нашето тело, а еве како да го користиме
Иако голема предност е огромниот развој на светот на секое поле, тоа исто така доведе до бројни здравствени проблеми поради токсичните загадувачи на кои сме изложени секој ден. А еве како успешно да ги отстраниме од нашиот организам.
Тешките метали како што се живата, кадмиумот и алуминиумот припаѓаат на оваа категорија и при изложеноста, тие навлегуваат во нашиот организам, се сместуваат во централниот нервен систем и коски, а со нивното акумулирање со години, настануваат акутни здравствени проблеми до труење со тешки метали.
Нашата изложеност на овие токсични загадувачи е поврзана со сериозни здравствени проблеми како што се ракот, заболувањето на бубрезите, срцеви заболувања, влошување на состојбата на мозочното ткиво, болест на белите дробови и скелетни нарушувања.
Сепак, овие негативни ефекти можат да се спречат и превенираат со помош на природата т.е природните состојки, а еден од нив е моќниот коријандер.
Коријандерот е неверојатно ефикасен при детоксикација на тешки метали и други токсини. Тој има моќни антисептични, антифунгални и антиинфламаторни својства и е богат извор на калиум, магнезиум, калциум, железо и манган, како и витамини А и К.
Коријандерот ги има следниве моќни лековити својства:
- Ги уништува бактериите
- Го регулира гадењето
- Се бори против воспаление
- Ги третира инфекциите на уринарниот тракт
- Ја третира анемијата
- Спречува надуеност
- Ги регулира хормонските промени во текот на менстуралниот период и менопаузата
- Ги намалува малите отекувања и многу други својства.
Како да го подготвиме?
Коријандерот можеме да го додадеме во нашите секојдневни природни пијалоци, а еве еден супер вкусен рецепт, кој ќе ни помогне во борбата против воспалителните процеси.
Состојки:
½ шолја сецкан свеж коријандер
½ шолја природен сок од јаболко
1 лажица прав од мелена пченица
½ шолја вода
Подготовка:
Сите овие состојки заедно измешајте ги во блендер и уживајте во природниот напиток! Истиот може да го подготвувате и консумирате секојдневно.