Лиса Мекбриџ ја раскажува својата приказна како нејзиниот хуман гест не наишол на одобрување, а дури добила и парична казна, што нè тера да се запрашаме во каков свет живееме?

Самата Лиса е мајка на аутистично дете, 19-годишниот Џејк, а по повод Светскиот ден на аутизмот, го сменила своето надворешно куќно осветлување во сина боја, во знак на поддршка на борбата и светска кампања.

Лиса живее 16 години во Лејкшор Гејтед зеднициата, во Дискавери Беј, каде што последните 5 години го менувала осветлувањето на нејзното предворје, по стапките на светот.

Но, оваа година, само неколку дена откако ги поставила сините светла, Лиса наместо аплауз и позитивна поддршка, добила известување за несогласност од соседите, пропратено со предупредување во форма на парчина казна од 130 евра.

На 6-ти Април, на својот Фејсбук профил, само 4 дена по Светскиот ден на аутизмот и добиената казна напишала:

“Менувањето на светлата е најмалата важна работа што можеме да ја направиме за да ја покажеме нашата љубов, поддршка и прифаќање на лицата со аутизам. Го правам тоа за мојот син и за сите деца на светот. Срам да ви е Лејкшор на вашиот недостаток од сочувство.”

Лиса го искажала својот револт преку социјалните мрежи и притоа додала дека добила казна за толку безначајна работа, а притоа потенцирала дека во правилникот на заедницата никаде не е наведено дека менувањето на светилките е казниво дело.

По бурната реакција на Лиса и многубројната поддршка што ја добила, таа добила повик лично од директорот на соседското здружение кој рекол дека не знаел дека станува збор за поддршка на аутизмот, ниту пак дека Светскиот ден бил во тој период.

Веднаш потоа, поголемиот дел од соседите, инспирирани од нејзното креативно хумано дело, запалиле сини светилки во нивните предворја.

 

Воедно, да се потсетиме на прекрасната приказна со која го прославивме Светскиот ден на аутизмот.