Една од најголемите филмски икони во Златната ера на Холивуд беше Одри Хепбрн, чиј талент беше наградуван со бројни Оскари. Нејзината убавина ја красеа впечатливите очи, убавите усни и беспрекорната кожа, а еве кои се тајните за нејзиниот безвременски изглед.

1. Хидратацијата беше нејзиниот клуч

Нејзиното прво правило е многу едноставно. Нашата кожа секогаш мора да биде хидратирана со цел истата побрзо да се регенерира.

2. Компирите беа задолжителен дел

“Компирите беа нејзиниот путер и леб”– изјавил Лука. Имаат ниско ниво на масти, а богати се со витамин Ц, антиоксиданси и магнезиум, што придонесува за блескава кожа.

3. Јадеше сезонско овошје и зеленчук

Нејзиниот син открил дека Одри секогаш барала да јаде сезонско овошје и зеленчук, особено во зима, бидејќи тие се богати со минерали и витамин Ц, а во лето големата количина на вода што ја губиме, а тие ја содржат е идеална за кожата.

4. Беше горда на нејзината возраст

Одри никогаш не се плашеше од стареењето. Иако се жалеше на брчките и белата коса, таа навистина уживаше во нејзините години, бидејќи тие со себе носеа посебна приказна.

5. Јадеше многу малку месо

Одри јадела месо, но во многу мали количини. Со веганството што сега е популарно како никогаш досега, докажува дека Одри била далеку пред своето време.

6. Кошутските очи беа нејзиниот потписен изглед

За да го постигне ефектот на лажни трепки, нејзиниот шминкер Алберто де Роси, со помош на пинцета ги дефинираше трепките на Одри, а потоа ја нанесуваше маскарата и го добиваше изгледот на кошута.

7. Го запечати своето наследство во потписен парфем

Легендарниот парфем “Interdit” на француската модна куќа Живанши, беше создаден во 1975-та година во соработка со легендарната и безвременска Одри.