Погледнете која е оваа дама! Во крзнен капут и чанта од 3000 евра, купува храна од уличен штанд
Вистинска ретка сцена можела да се забележи на улиците на Њујорк, а еве која славна дама го привлекла вниманието на присутните.
Станува збор за легендарната Ивана Трамп. 70-годишната Ивана, која е воедно е бивша сопруга на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, била забележана како купува хотдог од уличен штанд, на авенијата Медисон, во источниот дел од нејзното њујоршко соседство.
Нејзното богатство се проценува на 60 милиони долари и иако таа е неверојатно богата, тоа не ја прави ништо поразлична од обичниот човек кој ужива во евтините улични деликатеси, како што е хотдогот.
Додека го чекаше својот ред пред штандот, американската бизнисменка која по потекло е од Чешка, беше облечена во својот потписен изглед кој секогаш зрачи со гламур. Па така, Ивана беше облечена во крзнен капут и притоа ја носеше нејзината омилена мини чанта, која доаѓа од францускиот бренд Диор, а чини “скромни” 3000 евра.
Еве како изгледаше сцената, која во денешно време е вистинска реткост, да се види човек со огромно богатство да јаде улична храна, наместо да појадува во стандардните луксузни ресторани: