Астро-мода: Каков фустан му одговара на секој хороскопски знак
Ако не можете да се одлучите каков фустан да носите за следната елегантна пригода, матурска вечер или пак свадба, дозволете вашиот хороскопски знак да ви биде вашиот моден водич. Во прилог пронајдете го вашиот знак и откријте каков фустан ви одговара.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликација Хороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
1. Водолија (21-ви Јануари/18-ти Февруари)
Нежно син и лелеав фустан совршено ќе и прилега на оригиналната и независна Водолија.
2. Риби (19-ти Февруари/20-ти Март)
Мудра, нежна и вљубеник во романтиката, фустан во нежни и магични тонови, како розево и виолетово, би бил идеален избор за емотивната жена во знакот на Риби.
3. Овен (21-ви Март/ 19-ти Април)
На огнениот знак кој се карактеризира со храброст, страст и искреност му е потребно подеднаква храбра тоалета, како овој драматичен црвен дизајн.
4. Бик (20-ти Април/ 20-ти Мај)
Бикот се земјен знак кој ја обожава практичноста пред сè. Па така, шармантен цветен фустан кој може да го носи во повеќе пригоди е вистинската опција за трпеливиот Бик.
5. Близнаци (21-ви Мај/ 20-ти Јуни)
Жената во знакот на Близнаци поседува два сосема различни карактери, па фустан со многу различни детали и материјали одлично ќе ја отсликува нивната љубопитност и сериозност, која ги прави непредвидливи.
6. Рак (21-ви Јуни/ 22-ри Јули)
Емотивни, лојални и имагинативни, за жената Рак совршен избор е безвременската класика од елегантен бел фустан.
7. Лав (23-ти Јули/ 22-ри Август)
Лесно е да забележиме која е жената Лав во топлата- онаа која се двои од истата! Храбра, со големо срце и роден лидер, на овој знак му е потребен фустан во кој ќе заблеска и ќе биде во центарот на вниманието!
8. Девица (23-ти Август/ 22-ри Септември)
Лојална, посветена на работата и практична, темносин фустан со многу суптилни и класични детали ќе изгледа прекрасно на Девицата.
9. Вага (23-ти Септември/ 22-ри Октомври)
Грациозна, нежна и секогаш фер, Вагата ја обожава хармонијата и мирот. Свилена тоалета во бледо зелен тон совршено ќе го отслика овој воздушен знак.
10. Шкорпија (23-ти Октомври/ 21-ви Ноември)
На страствената, самоуверената и одлучна жена која сама ги поставува своите правила и е потребен подеднаков гламурозен фустан каква што е и самата таа. Црвен со впечатливи детали звучи како скроен за жената Шкорпија.
11. Стрелец (22-ри Ноември/ 21-ви Декември)
Великодушна, филозофски настроена и со одлична смисла за хумор, жената Стрелец извонредно ќе изгледа во фустан во шармантна нежна нијанса, во кој ќе може да танцува цела ноќ!
12. Јарец (22-ри Декември/ 20-ти Јануари)
На самоуверената, одговорна и одлучна жена во знакот на Јарец не и е потребно одобрение од другите луѓе, при што гламурозен комбинезон совршено ќе го прикаже нејзиниот сексапил.