Доколку подолг период се обидувате да забремените, сигурно сте слушале многу препораки за тоа која поза е најдобра да се примени за да останете бремена.  Во една студија, професорот Ален Пајзи од Универзитетот во Шефилд, посочува на една клучна навика која треба да се применува.

 

Тој смета дека забременувањето не е поврзано со позите при интимните односи со партнерот. Напротив, потребно е само по извршувањето на односите, жената да легне и да мирува не повеќе од 5 минути. Тоа помага за да се стабилизира крвотокот и мускулатурата.

 

Во неговата пракса, жените применувале неверојатни пози за кои верувале дека ќе го забрзаат процесот на оплодување. Пози кои наводно дозволувале сперматозоидите полесно да дојдат до јајце клетките, па дури и да им се намали патеката по која треба да поминат.  Гинекологот Стјуарт Лавери, советува дека не постојат основани докази дека позите во сексот играат улога во забременувањето.  Тој додава дека најбитно е да се има желба и трпение, останува на природата да одлучи кога ќе настапи бременоста.