Освоил 17 евра при учество во селска томбола и ја додал „огромната“ сума на неговите 100 милиони евра! Еве за кој среќник станува збор
Ретки се луѓето што имаат среќа во наградните игри, а подеднаква реткост е да се има и богатство од 100 милиони евра. Но, еве кој славен пејач ја има сета среќа на овој свет!
Станува збор за Ед Ширан. 28-годишниот англиски пејач, текстописец, гитарист и продуцент заслужено го заработи своето богатство од 100 милиони еврa благодарение на неговите бројни хитови кои постојано се на врвот на светските листи на најслушани песни.
Докажувајќи дека е ист како останатите, Ед земал учество во томбола англиското село Денингтон и освоил “неверојатни” 17 евра!
Победниците биле прогласени и објавени во локалениот весник, кадешто јасно може да се види името на пејачот на второто место.
За жал, пејачот ја освоил втората награда и немал шанси за првото место кое се состоело од парична награда во вредност од дури 29 евра.
Секоја година, томболата во Денингтон се организира, а парите соберени од учествата се наменети за селскиот буџет, за одржување на средината.
Ед, кој детството го поминал во овој југоисточен дел од Англија, сега во соседниот Фремлингам поседува имот, чија вредност се проценува на 1.7 милиони евра.