Исповед на една мајка: 10 проблеми со кои се соочува мојот 2 годишен син
Како и секој родител на мало дете, кој е сведок на проблемите од ”животно прашање” со кои се справува неговото дете, така оваа мајка одлучила да ги сподели со нас:
- Тој почна да плаче кога ги облеков своите папучи бидејќи сметаше дека тие се негови и тој треба да ги носи.
- Се растажи во моментот кога очекуваше да јаде торта, а наместо тоа му беше приготвена овошна салата од јагоди и банани.
- Едно утро се разбуди со плачење бидејќи го болела ногата, тој покажуваше кон десното стапало на кое му стоеше чорапата, додека во спиење ја извадил чорапата на левото стапало, па тоа му причинило болка.
- Една вечер почна да извикува: „Моциот кал” не знаејќи што значи тоа, го зедов во раце и ме донесе до телевизорот, пуштивме цртани, а тоа беше познатата Ариел, малата сирена. Моциот кал бил неговиот омилен лик, во наш превод морскиот крал или кралот Тритон во истоимениот цртан филм.
- По враќањето од градинка се противеше да влезе дома, плачејќи на цел глас. Не сакаше да влезе бидејќи вештерката наводно се криела позади влезната врата за да го исплаши.
- Еден ден ја затвори вратата од неговата соба, бидејќи сакал да игра: „цам”. Го затекнавме како игра со пластелин и го лепи по ѕидовите во собата.
- Повторно играше со пластелин, заедно правевме фигури, замислени колачиња, кога тој се сокри и почна да го става пластелинот во уста. Кога го земав пластелинот, почна да плаче по колачите кои сум му ги одземала.
- Една вечер пред заспивање, започна да вика на цел глас, сфативме дека му недостигала неговата перница.
- Седев во дневната соба кога дојде и почна да пребарува по џебовите, се намурти и почна да пребарува низ цела куќа. Ја барал цуцлата, која ја држеше во десната рака.
- Одбиваше да пие чај, па подметнувавме чај во чаша за сок. Се напи една голтка и го остави, кога му реков да се напие од сокот, тој рече: „неубав ток !”