Во прилог на секој хороскопски знак ви претставуваме идеална комбинација која најдобро ќе го  претстави вашиот карактер и лични особини, кога се работи за свечени прилики.

Овен

Дамите во знакот на овен најдобро би било да избираат жолти и црни бои. Да го избегнуваат длабокото деколте и моделите со додатоци. Така тие најдобро ќе ја претстават својата скромност и невин изглед.

Бик

Дамите во знакот бик можат да експериментираат кога е во прашање надворешниот изглед.  Можат да одберат светол костим, но внимателно да ги одбираат додатоците како големи парчиња накит.

Близнаци

Претставничките на овој знак  можат да изберат костум во зелена или сина боја.  Исто така треба да внимаваат на деталите со кои ќе ја украсат косата, тука можат да одберат сатенска лента во црвена боја.

Рак

Раковите имаат комплетна слобода во изборот на гардероба. Одберете парчиња со додатоци, како камења, монистра или кристали.

Лав

Лавовите исто така можат да се опуштат и да изберат гардероба што им се допаѓа. Единствено можат да го ограничат изборот на накит и модни додатоци.

Девица

Девиците можат да одберат светли бои и да ги комбинираат со нежна шминка. Најдобро е да изберат додатоци кои ќе им ја нагласат природната убавина.

Вага

За дамите во овој знак, најдобро би било да одбираат зелени или портокалови нијанси.  За додаток можат да изберат природни камења.

Шкорпија

Дамите во знакот на шкорпија секако се издвојуваат. Тие можат да одберат живописни мотиви со нежни додатоци.  За додаток можат да одберат впечатлив прстен со пердуви и монистра.

Стрелец

За Стрелците е препорачливо да одберат кратко здолниште и атрактивно деколте. Тоа најдобро ќе го претстави нивниот авантуристички карактер.

Јарец

За дамите во овој знак најдобро би било да одберат костим во жолта или зелена боја. Исто така можат да се фокусираат на изборот на соодветен маникир, но да се држат настрана од додатоци како накит и украсни елементи.

Водолија

При изборот на соодветен фустан, водолиите можат да се насочат кон грациозни здолништа, пантолони или фустани.  Ако веќе одбрале парче кое ќе го претстави нивниот смел карактер, тогаш додатоците нека бидат во светли бои.

Риби

За овој знак не постои ограничување во изборот на гардероба за свечени прилики.  Единствено кај бојата, препорачливо е да доминираат сината или црвената боја.