Светските кампањи посветени на кревање на свеста за луѓето со ретки болести, најчесто ги потенцираат нивните намалени способноси во извршувањето на одредени работи. Но, оваа кампања се издвои од сите и го направи спротивното!
Луѓето со ретки болести се исто луѓе со чувства, емоции, таленти и способности како и сите нас! Оваа кампања рефлекторот го сврте кон тоа што овие луѓе можат! Резултатите се магични!
1. Даунов синдром: Лиса е нашата принцеза, пејачка и манекенка
2. Спинална мускулна атрофија: Џејн е единствениот фудбалер на светот кој истовремено е и возач на формула
3. Даунов синдром: Вериц
а сака да го обои сиот свет со нејзините водени боички
4. Даунов синдром: Трајче е неверојатен музички талент
5. Даунов синдром: Баба Милица има 65 години и го обожава фолклорот, како и сончевите утра
6. Даунов синдром: Дејан е нашиот шампион во бокс
7. Детски дерматомиозитис: Илина обожава да црта и плива
8. Даунов синдром: Матилда е врвен готвач во светот на кулинарството
9. Даунов синдром: Дејан и Трајче се извонредни актери
10. Даунов синдром: Александар зборуваше на седница при ОН по повод Светскиот ден за лицата со Даунов синдром, додека Флоренс црта, плива и глуми. Парот е заедно 1 година
11. Даунов синдром: Максим е едно големо чудо од дете
12. Даунов синдром: Со поддршка од двете сестри, Илина има посебен сјај во очите кога пее
13. Оштетен слух: Милош и Пепица комуницираат со знаци и нивната искрена љубов
14. Аутизам: Ерато е позната како девојката што ги дава најубавите прегратки, а воедно поседува компјутерски вештини
15. Даунов синдром: Огнен е одличен пливач, а уште подобар е во играњето тенис
16. Туберозна склероза: Маркиан е извонредно дете со огромно срце во кое има љубов за сите
17. Даунов синдром: Бети и Костадинка се најдобри пријателки
18. Даунов синдром: Костадинка го обожава дождот највеќе од се!
19. Одложен развој: Иван ја обожава музиката и се надева дека еден ден ќе биде возач на автобус
20. Даунов синдром: Бети го обожава летото и омилен десерт и е сладоледот