Невеста тврди дека нејзината трудна деверица ѝ должи 35.000 евра затоа што ја „засенила“ на свадбата. А еве и како!
25-годишната револтирана невеста го споделила своето искуство на американскиот форум Редит, а еве како според неа, нејзинат деверица ја засенила. Причините се неверојатни…и урнебесни!
25-годишната невеста на форумот дури се потпишала со името “Игнорирана Невеста” , а се омажила пред 6 недели, по тригодишно планирање на својата свадба.
Сега таа тврди дека нејзината деверица и должи 35.000 евра затоа што ја засенила на нејзиниот голем ден.
Во нејзината напишана приказна на форумот, таа објаснува како “ѕвездата” на приказната, нејзината деверица Ана го украла вниманието на гостите, при што невестата со солзи си заминала на средина од настанот.
Најпрво ја обвинила деверицата дека забременила без воопшто да ја земе во предвид неа т.е невестата, бидејќи свадбата била закажана однапред. Второ, деверицата била премногу весела и со расположениот и весел карактер сите погледи биле насочени кон неа. Додала како може некој тоа да и го направи на една невеста која својата свадба ја планирала 3 години.
Како трета причина го навела сопругот на деверицата. Тој бил премногу атрактивен, висок и поради изгледот и тој исто така го украл вниманието на гостите.
Сите очи биле вперени во Ана и нејзиниот сопруг и сега невестата дури не сака т.е не може да ги погледне свадбените фотографии без да заплаче.
Но, нејзината “срцепарателна” приказна не наишла на одобрување од корисниците на форумот. при што повеќето застанале на страната на деверицата, една корисничка и се обратила со следните зборови:
“Не е вина на Ана што одлучила да го живее својот живот додека ти си ја планирала својата сваба три години. Три години е долг период и не можеш да очекуваш тие три години луѓето околу тебе да престанале да живеат! Ова само докажува колку си егоцентрична и нарцис!”
Повеќето се сложиле со напишаното. Што мислите вие? Чија е вината?