Луѓето што често страдаат од главоболка знаат колку страшни и неподносливи можат да бидат нејзините симптоми. Во продолжение следуваат 7 едноставни вежби кои ќе ни помогнат засекогаш ќе се ослободиме од истата!

1. Наведнати кон напред

Застанете исправено со нозете споени, а потоа исправете ги рацете нагоре. Вдишете длабоко, наведнете се кон напред, допирајќи го подот со вашите дланки и издишете. Задржете неколку секунди, па вратете се во првобитната положба. Повторете 5-6 пати.

2. Аголна положба

Седнете на подот и свиткајте ги колената и притоа спојувајќи ги вашите стапала. Држете го вашиот грб исправен, а дланките потпрете ги на вашите нозе, како што е прикажано на сликата. Нежно притискајте ги вашите колена кон надолу и држете така 20-30 секунди.

3. Нозете потпрени кон ѕидот

Легнете на подот, спротивно од ѕидот, а потоа исправете ги вашите нозе и потпрете ги кон истиот. Истовремено рацете нека ви бидат исправени. Опуштете се и дишете длабоко. Времетраењето на оваа вежба е од 60-90 секунди.

4. “Мост” вежба

Легнете на подот, а потоа потпирајќи се на вашата сила и екстремитетите, со помош на нозете поткренете го вашето тело од подот, притоа рацете споете ги заедно под подигнатото торзо. Повторете 10 пати.

5.  Наведнати кон надолу

Во првичната положба, застанете исправено со вашите нозе малку раширени. Исправете ги рацете нагоре и вдишете длабоко. Издишете и наведнете се кон напред, поставувајќи ги рацете кон напред. Одржувајте ја рамнотежа во времетраење од 60 секунди.

6.Детеположба

Клекнете на подот, притоа свтикувајќи ги колената во нивна паралелна положба со подот. Потоа наведнете го торзото кон напред и исправете ги рацете најмногу што можете. Држете ја оваа положба во времетраење од 60 секунди.

7. Наведнати кон назад

Клекнете на колена и исправете го вашето тело. Потоа наведнете се кон назад и со прстите обидете се да ги фатите стапалата. Држете ја оваа положба во времетраење од 60 секунди.