Ѕвонарот од Богородичната црква, Квазимодо тагува по својот дом кој вчера го „изгуби“ во пожар
Најпознатата готска катедрала, Богородичната црква или уште позната како Нотр Дам, вчера ја зафати голем пожар, при што светот изгуби историско богатство старо 800 години, а легендарниот ѕвонар Квазимодо го изгуби својот дом.
Името на црквата “Нотр Дам” од француски преведено значи “Нашата госпоѓа”, а се мисли на Богородица или Дева Марија.
Богородичната црква беше најубавиот пример за француска готска архитектура. Виоле Ле Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање, но вчера таа влезе во пламена борба, во која ја загуби својата безвременска убавина.
Ожалостените Интернет корисници на социјалната мрежа Инстаграм сега споделуваат свои цртежи на кои ја насликале големата тага на легендарнот лик на Виктор Иго, Квазимодо, кој беше најпознат жител во Нотр Дам, а со тоа ја претставиле и тагата на целиот свет!