Домашен рецепт од куркума и ѓумбир кој на природен и лесен начин го регулира холестеролот и ги спречува срцевите заболувања
Следниот рецепт од куркума и ѓумбир кој многу лесно се прави, е вкусен и освежувачки начин за природно обновување на здравјето на нашето срце и мозок. Во продолжение прочитајте како уште денес дома да го приготвите.
И двете од овие билки одделно содржат различни лековити својства, а комбинирани заедно нивното дејство е огромно.
Домашен чај од куркума и ѓумбир
Чајот од куркум и ѓумбир има моќни анти-воспалителни својства кои му помагаат на нашиот организам да се бори против воспаленијата, се борат со дијабетесот, високиот крвен притисок, ја спречуваат појавата на канцерогени клетки и го намалуваат високиот холестерол.
Покрај тоа, овој чај на природен начин го хидрира нашето тело и ни дава пријатно чувство на удобност и леснотија!
Потребни состојки:
- 4 лажици сушена куркума
- 4 лажици сушен ѓумбир
- ¼ чаша мед
- Малку исцеден лимон
- ¾ лажици црн бибер
- 4 чаши вода (1 чаша вода за потопување на состојките во истата, 3 за нивно разредување во водата)
Начин на подготовка
Во мал метален сад измешајте ја куркумата, ѓумбирот и биберот, а потоа додајте 1 чаша вода. Ставете ја смесата да се вари и почекајте истата за започне да врие, а потоа намалете ја топлината.
Мешајте неколку минути, а подоцна целосно исклучете ја топлината.
Засладете ја смесата, така што ќе го додадете медот и доколку сакате, по ваша желба додадете и лимон. Покријте го металниот сад и оставете ја течностаа да отстои преку целата ноќ.
Вака направената смеса може да ја чувате во фрижидер и по ваша желба да си правите чај, притоа додавајќи малку од истата во топла вода или пак одеднаш можете да додадете 3 чаши вода и добиениот чај да го складирате во поголем сад, како на пример бокал или тегла.
За крај ни преостанува да уживаме во лековитоста на овој извонреден пијалок!