Графичкиот дизајнер Клиф Дикенс дизајнирал алтернативи на оригиналните слогани на познатите брендови кои ја отсликуваат вистинската суштина на истите. Смешно, иронично и 100% вистинито!
Клиф само го напишал она што навистина го мислат повеќето луѓе за брендовите.
1. Викторија Сикрет: Ја намалува самодовербата на жената од 1977
2. Мејбелин: Можеби е фотошоп
3. Нетфликс: Потрошете повеќе време пребарувајќи, отколку навистина гледајќи ја содржината
4. Мекдоналдс: Затоа што само имаш 4 долари
5. Најк: Купи го!
6. Олд Спајс: Мирисај како дедо
7. Инстаграм: Ги прекрива лошите фотографии со филтери
8. Википедија: Нема на што студенти!
9. Линкдин: Поврзете со луѓе без никаква причина
10. Монополи: Одличен начин да се уништат пријателствата
11. Лего: Причината за повредувањето на вашите стапала
12. Јутјуб: Не ги читајте коментарите
13. Луј Витон: Најверојатно е лажна копија
14. Тоблероне: Чоколадата од аеродромот
15. Харли Дејвидсон: Овде за тебе за време на таа криза во средните години
16. Лејс: Воздух со вкус
17. Федекс: Најверојатно не работи
18. Икеа: Ставаме додатни делчиња само за да се пошегуваме со вас
19. Вајсин: Сите знаеме зошто зошто вашите очи се црвени
20. Гугл: Обидете се да користите друг пребарувач