„Пред 5 години лекарите ми соопштија дека не можам да забременам по природен пат, па ми предложија ин-витро“
“Сакав да ја споделам својата приказна преку која ќе ги поддржам жените кои моментално поминуваат низ истото!...Прочитајте ја емотивната и искрена приказна во продолжение.
Неплодноста е денес еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат многу жени. Затоа следната приказна на една жена ги охрабрува да разговараат отворено за овој проблем. Приказната започнува вака:
“Моето име е Џулија. Имам 39 години и пред 8 години се соочив со проблемот на неплодност, не можев да зачнам, за забременам и да носам плод. Сакав да ја споделам својата приказна преку која ќе ги поддржам жените кои моментално поминуваат низ истото. Особено жените што моментално се загрижени, фрустрирани и се уште не можат да се одлучат”
Биолошкиот часовник започна да отчукува
“Започнав да размислувам за деца кога наполнив 30 години. Во мојата совршена замисла, јас ќе имав 3 деца. Па време беше планот да започнам да го реализирам.
Кога ништо не се случи првата година, не бев премногу разочарана. Си велев дека имам уште 20 години до менопауза. Но, сепак посетив лекар и беше утврдено дека треба да посетам специјалист за плодност.
Долгата авантура штотуку започна и траеше друи 4 години. Многу пари беа потрошени и тестови направени, а промени немаше никакви. Никакво чудо не се случуваше.”
Очајност
“Запознав и други жени што се соочуваа со истото преку Интернет. Почнав да се едуцирам за неплодноста и мислите постојано ми беа насочени кон тоа. Се прашував постојано дали тоа е знак дека можеби јас не треба да бидам мајка, да се убедувам дека без деца би можела да живеам…Но, јас сакав премногу да имам дете!
И после 3 години правење тестови, резултатите беа исти. Дете немаше!”
Без откажување
“Веќе бев 34 години. Талкавме низ многу клинки и на крај добивме препорака за една навидум добра клиника. Клиниката беше навистина супер. Завршивме многу брзо и резултатите веќе беа пред нас. Прогнозите на лекарката беа полу-позтивни. Ми соопшти дека јас имам шанси да забременам по природен пат, но дека шансите за тоа се 5-10%, додека пак резултатите на мојот сопруг воопшто не беа добри. Ни рече дека проблемот може да се реши со ин-витро, односно вештачко оплодување.
Се вративме дома, а чувствата ми беа измешани. Идејата за ин-витро ме плашеше многу. Во пребродувањето на темните мисли и стравот најмногу ми помогна мојот психолог.
Се вративме назад во клиниката повеќе пати. После 3 години конечно дојдов за првичната цел. Дојдов на вештачко оплодување.”
Не беше толку страшно
“За 2.5 недели потрошивме 1800 евра за процедурата. Многу помалку, отколку на сите тие безвредни тестови. И самиот процес воопшто не беше ниту страшен, ниту депримирачки. Ми ја препишаа соодветната терапија и број на инјекции што требаше дома сама да си ги ставам. Ништо не беше толку лошо како што си замислував.
Немаше промени во моите хормони, ниту пак во моето расположение. Ништо чудно не му се случи на моето тело. Во 1.5 недела беше ред и мојот сопруг да учествува во процесот”
Клучниот момент
“Денот пред вадењето на јајце-клетката, лекарот ми препиша одредени лекови кои задолжително требаше да ги земам. Процедурата беше закажана за следниот ден, утрото во 8 часот.
Се се случи брзо и според планот. А потоа дојде денот кога ембрионите требаше да се трансферираат во моето тело. Процедурата беше комплетно безболна и траеше 40 минути. Потоа си отидовме дома и ги чекавме резултатите.
п.с Малку имав проблем да го напишам целиот текст, бидејќи мојот 3-годишен син постојано го бара мото внимание 🙂
Сега сум мајка и го обожавам секој момент од мајчинството. Сакам преку оваа приказна да ви дадам поддршка на сите што минувате низ истото и да ви кажам дека воопшто немојте да се срамите ако не можете да забремените. Зборувајте отворено и споделувајте ги вашите чувства. Ќе ви биде полесно кога ќе сфатите дека не сте сами во тоа!
Сите жени со кои комуницирав сега се мајки. Мајки станавме бидејќи не се откажавме. Не се откажувајте ни вие!”