Мајка ја спореди својата ќерка со “Мртвата невеста”, која носеше син невестински фустан
Постојат луѓе на кои им недостига способноста правилно да ги проценуваат ситуациите и да знаат кога е вистинското време за давање забелешки. Но пак, зарем има вистинско време и место за невкусните коментари?
Во емисијата “Кажи да на фустанот” (анг. “Say yes to the dress”) која се емитува на TLC каналот, во епизодата што ќе се емитува вечер, гостува идната невеста Чарли. Таа својот свршеник Џерад го запознала на Универзитетот Св.Џон, а 5 месеци подоцна, Џеред ја запросил својата сакана.
“Нашата свадба ќе биде во уникатен стил, со голема патека и водопад. Ќе биде вистинска бајка! “– вели Чарли.
Истовремено идната невеста го опишува нејзиниот стил како забавен и енергичен и дошла во салонот за венчаници да побара невестински фустан кој ќе и одговара на карактерот и нејзината свадба која е со шумска тематика.
“Сакам мојот голем ден да биде незаборавен, забавен и откачен. А јас сакам да изгледам волшебно и уникатно!”- вели таа.
Заедно со стилистите во емисијата, Чарли беше придружувана и од нејзиното семејство, но и покрај нив, Чарли беше една од тврдоглавите невести, која не дозволува некој друг да одлучува наместо неа.
Така, кога идната невеста избра неконвенционална сина веначница која се карактеризираше со 3Д цвеќиња, нејзината мајка Рејчел воопшто не се воздржа да го искоментира изборот:
“Не, не, Исусе, не! Чарли изгледа како “Мртвата невеста”, носејќи го и тој вел. Фустанот е убав, ама не ја претставува Чарли!”- изјави таа.
Нејзината мајка воопшто не се согласуваше со синиот избор, па побрза невкусно да ја спореди својата ќерка со легендарниот филм, режисерот Тим Бартон, “Мртвата невеста”, поточно главниот лик Емили.
“Јас знам дека нејзиниот стил е уникатен и премногу ексцентричен, но јас сум тука да бидам искрена”– изјавила нејзината мајка.
После фијаското со сината венчаница, Чарли излегува на сцената во гламурозен и подеднаков ексцентричен невестински фустан од дизајнерот Иан Стјуарт. Но, нејзината мајка повторно не се двоумеше да ја почести својата ќерка со невкусен коментар.
“Ми се допаѓа ама….Изгледаш како голема опашка. А и се мажиш во шума, па ти си знаеш”– рече Рејчел.
И фустанот број 3 исто така беше голем неуспех. Овој пат, третата венчаница мајката ја спореди со големината на шумата, потенцирајќи дека венчаницата е премногу обемна и голема.
На крај, стилистите во салонот смислија генијален план и на втората венчаница и дадоа мала преобразба, која ги воодушеви сите присутни, а пред се, го освои срцето на Чарли и таа конечно ја пронајде својата венчаница.
Невестинскиот фустан на кого конечно му кажа “Да!”