“Убава жена”: Отворено писмо на психолог кое ги руши стереотипите за луксузниот живот
“Купете си луксузна долна облека, ќе станете вистинска жена во неа. Дефинитивно ќе доживеете неколку непроспиени ноќи. Но, не, затоа што ќе имате романтична вечера, туку затоа што…”
“Понекогаш добивам впечаток дека моите клиенти, пред да дојдат на сесија кај мене, разговараат и меѓусебно се договараат за што ќе зборуваат. Неодамна, дискутиравме за убавите жени. Не се работи за љубов, туку за сопствена дозвола да бидете весели, приметени и привлечни жени”– вели психологот Елена Пастернак.
Следното нејзино отворено писмо го редефинираше поимот за луксуз и ги сруши стереотипите за скапиот начин на живеење. Писмо кое вреди да се прочита, писмо кое им ги отвори очите на илјадници луѓе:
“Почувствувајте ја луксузната жена во вас, купете си нешто што никогаш не сте можеле да си го дозволите и универзумот ќе ја сфати вашата вредност и ќе ви го даде тоа што го сакате.” Ова е поговорка од тренингот за добрата состојба на жените. Сите овие приказни зборуваат за “дозволување” нешто на крајот. па дури и кога имате сметки за плаќање, бидејќи сето ова не е ништо друго, освен игра со вашите стравови.
“Купете си луксузна долна облека, ќе станете вистинска жена во неа.” Не, оваа мисла не е сосема точна. Но, дефинитивно ќе доживеете неколку непроспиени ноќи. Не, не затоа што ќе имате романтична вечера, туку затоа што цела ноќ ќе поминете со грижа на совеста зошто толку сте потрошиле на долна облека и ќе се грижите како ќе преживеете до крајот на месецот, со само уште 5000 денари на вашата сметка.
Луксузот не е во долната облека, карминот, рестораните или високите потпетици.
Вистинскиот луксуз е да живеете онака како што сакате! Да носите или не носите што не сакате, да јадете или да не јадете она што не ви одговара, да бидете во врска од љубов и страст, а не заради некоја должност.
Луксуз е да знаете кога е вистинското време да се ослободите од старите и непотребни нешта и да знаете да ги цените и да се грижите за вистинските работи.
5 годишната ќерка на мојата пријателка доаѓа на гости со своја лажица. Мојата пријателка често се срами поради тоа, обидувајќи се секогаш да пронајде изговори. Јас започнав да одам на излети и пикник со моја сопствена маса, бидејќи не сакам пластични работи. И гајле ми е што мислат останатите!
Луксузниот живот не се заснива на идеата “Ти вредиш”, туку дали нештата имаат вредност за тебе! Тоа што ти ќе го одбереш да има значење за тебе е вистинскот луксуз: Чашата што ти ја подарила твојата сестра, блузата од твојот татко, питата на твојата мајка, бакнежот од твојот партнер, ти им даваш значење на работите.
Луксуз е да не се тераш да правиш работи што не ги сакаш. И хулахопките ќе ти се скинат, и пријателите ќе имаат погрешно мислење за тебе, твојот партнер може ќе те остави. Ако нешто не функционира, не се обидувај залудно да го поправиш. Едноставно не било вредно колку тебе!
Луксуз е да правиш сопствени избор: Дали ќе ги поправиш старите пантолони или ќе си купиш нови, тоа е твој избор. Така и за се останато!
Да имаш луксузен живот значи да живееш според твои правила, да ги следиш твоите сонови и цели, без да се објаснуваш некому!”
Дали се согласувате? Дали ова е вистинскиот луксуз и дали ваквата жена е најубавата?