„Не можеш да бидеш слаба, среќна и без лекови“: Депресивна жена открива како изгубила 50 кг за само 18 месеци
33-годишната Хедер Вокер, од Линколншир, била во тешка депресија и притоа имала многу нездрави навики во исхраната.
Блогерката од Лондон се прејадувала за да, барем на момент, се чувствува подобро.
Фрустрирана од нејзиниот зголемен апетит и континуираната анксиозност, Хедер го посетила својот лекар, барајќи начин да престане да ги користи анти-депресивите.
Но, се шокирала од одговорот на лекарот, кој бил следниот: „Можеш да бидеш дебела и среќна или слаба и несреќна“, воедно препорачувајќи и на Хедер да продолжи да ги користи лековите.
Иако и било кажано да не престанува со лековите, Хедер сепак, не го послушала својот лекар и започнала сопствена борба да се извлече од „темнината“.
Со диета и фитнес режим, без лековите, Хедер успеала да ослабне од 140 килограми на 90 за само 18 месеци.
„Чувствував дека пропаѓам сè подлабоко. Или јадев премногу или јадев премалку и ги консумирав сите погрешни производи. Јадев големи порции и не ми беше грижа што внесувам во моето тело.“- вели таа.
Но, нејзиниот повик за будење од магичниот круг на депресијата и лошата исхрана, ненамерно го прекинал нејзиниот лекар кога ја запрашал, како таа планира да живее или да живее здраво без анти-депресиви.
„Едноставно ми рече дека нема јас се што сакам. Не можам да бидам среќна, слаба и без лекови.“- вели Хедер, која на својот лекар му го докажала спротивното и сега ја раскажува својата успешна приказна.
Хедер престанала со користење на лековите, од кои воедно имала и негативни ефекти кои не само физички влијаеле врз неа, туку биле и еден вид лошо влијание врз нејзината емоционалност.
Започнала да вежба со личен тренер, а што се однесува до нејзинта исхрана, еве што вели таа:
„Не се придржував кон ниту една специфична диета, туку едноставно само се хранев здраво и уредно си ги броев внесените калории. Покрај тоа, личниот тренер и општо физичката активност ми го отворија погледот кон убавиот свет!“
Сега Хедер вежба 6 пати неделно и внесот на калории го ограничила на 1800 калории дневно.