За следниот природен лек за намалување на холестеролот, ќе ви требаат само 4 состојки кои секогаш се дел од нашата кујна и едноставни 5 минути!

Според податоците на СЗО, 54% од жителите во Европа, и тоа подеднакво и мажите и жените, имаат зголемен лош холестерол.

Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел од истиот се наоѓа во крвта.

Clogged Artery with platelets and cholesterol plaque, concept for health risk for obesity or dieting and nutrition problems

Ако холестеролот во крвта се акумулира на крвните садови, може да се намали или запре протокот на крв.

Затоа од исклучителна важност е да внимаваме на холестеролот, а ова е најдоброто природно решение кое ќе ни помогне да го намалиме лошиот холестерол!

Природен лек од домашни состојки

Магдоносот е одличен додаток во нашата секојдневна исхрана, а ги содржи витамините А, Ц и К и во неговиот состав вклучува две специјални состојки: Есенијални масла и флавоноиди.

А воедно, магдоносот е одличен избор за справување и исфрлање на токсичните материи од нашиот организам.

Затоа магдоносот ќе биде нашиот супер сојузник во борбата против лошиот холестерол, а за овој природен напиток ќе ви бидат потребни следните состојки:

Потребни состојки:

  • 1.5 литри вода
  • 3 гранчиња магдонос
  • 1 кг лимон
  • Сода бикарбона

Подготовка:

Исчистете ја кората на неолупениот лимон со помош на сода бикарбоната. Доколку лимонот е купен и не сте сигурни дали е третиран со хемикалии, олупете ја неговата кора.

Потоа, ставете ја водата да се загрева и оставете ја да зоврие,  а потоа оставете малку да се олади.

Исецкајте го лимонот на тенки парчиња, а исто така и магдоносот. Магдоносот може да го исецкате најдобро користејќи блендер. Потоа на оваа сместа, додадете ја изладената вода.

Смесата оставете ја да отстои 1 ден, а наредниот ден слободно уживајте во нејзиното консумирање!

Консумирајте по 100 мл, половина час пред секој ваш оброк.