Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН, секоја година Земјата губи зелена површина во големина на една Панама. Затоа овој брачен пар решил да не чека со скрстени раце!

Од 1990-та година до денес, нашата планета изгубила 129 милиони хектари шума, речиси еквивалентно колку цела Јужна Африка, а бројни животни и растенија ги губат своите живеалишта секој ден.

Фактот дека ја губиме Земјата е поразителен и воедно го прави поединецот да се чувствува мал и беспомошен, бидејќи смета дека неговото влијание нема значење.

Но, овој пар од Бразил го докажува сосема спротивното!

Бразилецот Себастијао Салгадо и неговата сопруга Лелиа Делуиз Ваник Салгадо одлучија да покажат што може да направи мала група на страствени и посветени луѓе, луѓе кои цврсто одлучиле да го вратат сјајот на нашата планета.

Себастијао е реномиран фоторепортер, кој ги освоил речисити сите престижни награди од неговото поле.

Во 1990-та година, враќајќи се емоционално исцрпен од документирање на ужасниот геноцид во Руанда, во родниот Бразил, новинарот го дочекала страшна глетка.

Наместо да биде обвиткан во величествената тропска смарагдна шума, Бразил станал пустина.

„Земјата беше толку болна, а исто и јас! Се беше уништено. Само 0,5% од површината сè уште беше покриена со дрвја. Потоа, мојата сопруга доби прекрасна идеја да ја обнови некогашната блескава шума. Кога почнавме да засадуваме дрвја, тогаш се вратија сите инсекти, птици и риби. Шумата сè препороди, а исто така и јас!“– изјавил Салгадо за Гардијан.

Лелиа заедно со нејзиниот сопруг го основале институтот Тера“, мала еколошка организација со големи планови.

Оттогаш засадиле 4 милиони садници и ја вратиле шумата од мртвите. Тие собрале семиња од истите видови на дрвја и растенија што растеле на таа област, за да можат повторно животните, птиците и инсектите да се вратат на позната територија.

По 20 години од нивната мисија, шумата се врати во живот со 2 милиони израснати дрвја, а наместо мртва тишина, сега во тропската средина повторно се слушаат бројните звуци на раскошните птици и дивите животни.

Во текот на нивната еколошка мисија, направиле и визуелна споредба за напредокот во текот на годините:

 

Бразил во 2000-та наспроти Бразил во 2013-та година:

И резултатите споредени во 2001/19

За неверојатниот проект и уште поневеројатните резулатите, бразилскиот пар се здоби со милиони позитивни коментари на социјалните мрежи, инспририрајќи и поттикнувајќи ги и останатите еколошката борба да ја превземат во свои раце!