Пролетта е едно од најомилените годишни времиња на повеќето, но не и на луѓето што страдаат од сезонските алергии.

Милиони луѓе кои страдаат од алергиски ринитис, се принудени пролеттните и летни месеци да ги поминат сокривајќи се во затворени простори, поради високата концентрација на полен во воздухот.

Сега нутриционистичката компанија „Juice“ го пронајде најдобриот природен рецепт со кој ќе им кажете збогум на здодевните сезонски алергии кои ве попречуваат да уживате во убавото време.

Природен напиток против сезонски алергии

Потребни состојки:

  • 1 парче ѓубмир (големо колку еден наш прст)
  • 1/2 лимон
  • Парче ананас
  • 1 јаболко

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки со помош на блендер, а потоа добиениот природен сок ставете го во чаша полна со лед.

Овој природен сок е содржи големо количество на витамин Ц, кој го сведува на минимум имунолошкиот одговор и реакција на нашето тело.

Сите состојки поединечно содржат анти-алергиски и анти-воспалителни својства кои му помагаат на организамот да ги потисне и ублажи симптомите на алергија и ефикасно да се бори против поленот.

Се препорачува сокот да се пие секое утро, во текот на целата сезона на алергии, а по желба, луѓето кои страдаат од алергии можат и пред почетокот на сезоната да почнат да го консумираат, за да го навикнат своето тело.

Доколку симптомите се поизразени, може да се консумираат и 2 чаши дневно од природниот напиток.