Потценети или сепак преценети?

Неодамнешно истражување кое го спроведе авиокомпанијата Easy Jet, опфати 2000 испитанци, кои одговараа на тема за популарните туристички атракции.

Уметничкото дело на Да Винчи беше прогласено за најразочарувачко, а еве кои други туристички атракции се најдоа на негативната листа, составена од страна на туристите:

1. Мона Лиза, Париз

2. Контролниот пункт „Чарли“, Берлин

3. Манекен Пис, („Момчето кое мокри“), Брисел

4. Ноќниот клуб „Мулен Руж“, Париз

5. Скулптурата „Малата сирена“, Копенхаген

6. Ајфеловата кула, Париз

7. Шпанските скали, Рим

8. Фонтаната „Треви“, Рим

9. Музејот „Лувр“, Париз

10. Кривата кула во Пиза