Повеќето бебиња ги прават своите први чекори кога се 9 до 12 месеци, а започнуваат постабилно да се движат кога се стари 14-15 месеци. Но, ова мало девојче успеало да ги изненади сите!

29-годишната Грејс и 29-годишниот Рајан, од Колчестер, Англија, останале шокирани кога нивната ќерка, Фреја Минтер, која сега има 7 месеци, решила да ги направи своите први чекори пред еден месец, без притоа да бара помош од родителите.

На 25-ти, минатиот месец, малата Фреја започнала да чекори, а денес нејзината мајка го поминува своето слободно време трчајќи по ќерка си.

„Кога имаше само 4 месеци, Фреја успеа да застане на нозе, држејќи се за нашите прсти, за рамнотежа. Но, беше очајна да оди сама, без наша помош. А сега 2 месеци подоцна, и тоа чудо се случи.“– вели Грејс.

Фреја, која се смета за една од најмладите деца кои започнале да чекорат пред својата прва година, веќе е далеку пред своите врсници.

Зборувајќи за нејзините вистински први чекори, Грејс моментот го опишува вака:

„Таа ја имаше најголемата насмевка! На мене и Рајан не ни се веруваше што гледаме. Прво мислев дека халуцинирам, но кога Фреја продолжи да чекори, останав вчудовидена! Таа го прескокна процесот на ползење и директно започна со одење.“– вели гордата мајка.

Среќните родители признаваат дека и покрај големата радоста, сега им се потребни очи и на грбот, бидејќи нивната мала принцеза е незапирлива!