Никол Бедвел (19) и нејзиниот сопруг Весли Бедвел (21) од Тексас, накратко по нивната свадбена церемонија дознале дека ќе имаат принова. Како и сите родители тие биле бескрајно среќни за новата вест. Веста ја споделиле со најблиските, по што следеле првите докторски прегледи.

 

По првиот месец од бременоста, Весли кој работел во воената морнарица, бил повикан на служба надвор од границите на државата, во рок од 8 месеци.  Веста била застрашувачка за младиот пар, со оглед дека таткото Весли ќе отсуствува на подолг рок, а Никол ќе треба сама да ја помине целата бременост и сите скапоцени моменти, меѓу кои и раѓањето на нивното прво дете.

 

Никол која инаку имала ризична бременост, изразена со висок крвен притисок, одлучила да направи еден поинаков пресврт во настаните од нивната принудна разделба. Таа започнала да објавува фотографии на кои покрај нејзиниот труднички стомак стои и нејзиниот сопруг. На тој начин сакала да го задржи неговото присуство и да ги зачува спомените од нејзината прва бременост.

Плачев, но моето и неговото семејство беа тука, така и тој!

 

По истекот на 9те месеци, Никол родила здраво женско бебе кое го крстиле Пајпер. Иако Весли не присуствувал на породувањето, тој го следел секој чекор на Никол.  Фотографиите од малата Пајпер му го стоплиле срцето и најпосле тој се почувствувал безбедно, штом неговата ќерка дошла на свет.

 

Весли наскоро завршува со неговата служба, да им се придружи на својата сакана Никол и ќеркичката.

Моја Пајпер, тато е со тебе иако сме разделени илјадници километри!