Влакнести нокти се најновиот хит од колекцијата на ужасни трендови
Дали барате некој моден стил со кој ќе се издвоите од толпата? Вашата потрага може да застане тука, бидејќи со овој тренд, загарантирано сите ќе гледаат во вас.
Станува збор за влакнести нокти. Тие се „ремек-дело“ на корејскиот визуелен илузионист, Даин Јон, која има речиси 200.000 следбеници на Инстаграм.
Даин е позната по нејзината храбра уметност користејќи го човечкото тело како платно, а нејзините најнови креации слободно можат да се вбројат во едни од најбизарните што постојат.
Уметницата не само што насликала 5 мали портрети на ноктите, туку додала и коса, за да секое од „лицата“ ги направи уште пореалистични.
Што мислите за овој тренд? Дали би го пробале?