97-годишната модна икона ниту на оваа возраст не престанува да го изненадува светот!

Оваа година, американската бизнисменка и дизајнерка на ентериер, Ирис Апфел е избрана да биде заштитно лице во најновата кампања на Магнум, која официјална е објавена на Канскиот филмски фестивал.

Ирис Апфел важи за „Кралица на Њујоршкиот стил“, а оваа титула гордо ја носи уште од 1950-те години. Во модната индустрија е прогласена за „ретка птица“ и е сопственик на компанија за текстил, која ја основала заедно со нејзиниот покоен сопруг, Карл Апфел.

Концептот на нивниот бизнис се состоел во тоа што Ирис и Карл се обидувале да ги реплицираат сите видови на ткаенини со кои се сретнале додека патувале по светот.

По бројните млади супермодели како Бела Хадид и Кендал Џенер, сега новото заштитно лице на Магнум е токму гламурозната Ирис!

Со нејзината позитивна енергија и ведар карактер, таа најдобро го претставува летото и омилениот десерт за тоа годишно време- сладоледот!