Ново истражување покажа дека миењето садови, чистењето и диплењето алишта може да го продолжи нашиот живот
Повеќето луѓе го делат ставот дека не постои ништо забавно во извршувањето на домаќинските задачи и обврски, но ова најново истражување би можело да ги промени мислењата!
Пристигна веста што цел свет ја чекаше! Луѓето веќе не мора да го трошат своето време во теретаните, со цел да бидат здрави и да живеат подолго. Добар дел од минатото се веруваше дека извршувањето на домаќинските задачи не се доволни да го одржат нашето здравје, но овој став настанал како резулат на недоволни информации.
Сега, американски научници во свое најново истражување докажале дека дури и најлесните задачи како обичното диплење на алишта или бришење на подот, можат да придонесат за продолжување на човечкиот живот.
Во истражувањето биле опфатени 6.000 испитаници, при што сите биле жени на возраст од 63 до 69 години. Научниците собрале податоци за нивните секојдневни физички активности, во текот на една недела, а потоа, наредните 3 години, лекарите ја следеле нивната здравствена состојба.
Според резултатите, жените кои поминувале 30 минути во текот на денот, извршувајќи полесни активности како диплење на алиштата, имале помал ризик од смрт за 12%, споредено со оние кои ништо не правеле.
Смртната стапка била дури уште пониска кај испитаниците кои редовно, секој ден, одделувале 30 и повеќе минути за извршување на лесни и потешки домаќински обврски. Кај нив, продолжувањето на животниот век се зголемило за дури 40%.
Научниците објасниле дека ова се однесува на сите жени-испитанци, без разлика на нивната возраст, култура или тежина.
Новите докази се сметаа за извонредно откритие, бидејќи се покажало дека луѓето можат да бидат здрави и да живеат подолго, иако не се преоптеретуваат со тешка физичка активност.
„Да се прави нешто е подобро отколку да не се прави ништо!“-заклучил авторот на истражувањето. Воедно, клучно било да се развијат навиките уште од помлада возраст.
Бонус: Миењето садови исто така е идеална активност за намалување на стресот
Бројни истражувања ја покажале директната поврзаност на стресот со смртната стапка кај луѓето. Па, еве уште една добра причина да ги засакате домашните обврски. Истражувањето покажало дека често мијат садови успеале да бидат повеќе опуштени и да ја намалат анксиозноста за дури 27%.
Но, важно е и да се фокусирате на процесот. Бидејќи луѓето кои не биле сконцентрирани и не обрнувале внимание на тоа што го работат, немале никакви здравствени придобивки.