Оваа жена измислила нова професија, со заработка од 200 евра на ден
Жаклин Семјуел (29) од Њујорк за време на своите студентски денови започнала да се занимава со оваа професија, ако може така да се нарече. Нејзината работа би се нарекла прегрнувач, човек кој ве прегрнува и ви дозволува вие да го прегнете. Како студент на Универзитетот Рочестер, во насока на когнитивни науки и функции на мозокот, таа започнала да размислува на тема колкаво влијание имаат милувањето и прегратките во животот на човекот.
Прегратките имаат позитивен ефект врз човековото здравје, со оглед дека научно е докажано кога двајца луѓе се во положба на прегрнување, нивните тела произведуваат поголема количина на хормоните серотонин и окситоцин. Тие предизвикуваат чувство на радост и доверба, со што практично го зајакнуваат имунолошкиот систем.
На тој начин, Жаклин започнала да нуди услуги преку еден вид на стимулациона терапија со прегрнување и милување. Таа наплаќа 60 долари од 1 час прегрнување со клиенти. Иако звучи чудно и невообичаено, за многумина дури и премногу интимно, таа го почитува етичкиот кодекс со што физичките допири се ограничени. Кога таа е на работа, се облекува во класична гардероба за спиење, во долги пижами кои го покриваат поголемиот дел од нејзиното тело и практикува да се милува со клиентите во лежечка позиција. Клиентите ги почитуваат строгите правила, на тој начин забрането е да се допираат нивните интимни делови и во најголем дел од времето тие практично лежат преграни и мируваат.
Мојата филозофија е да се однесувам како социјален работник. Да им пружам на клиентите алтернативна техника на лекување од стрес. Оваа работа бара посветеност, јас од мали нозе сакам да споделувам прегратки, па така и студиите допринесоа да продолжам со тоа, како еден вид професија.
Жаклин сака да патува и да запознава нови култури. Запознавајќи различни луѓе и менталитети, таа дошла до сознание дека Американците не прават разлика помеѓу допирот на физичката прегратка и сексуалниот допир, наспроти Азијците и Европејците кои го разбираат значењето на прегратката.
Нејзиното искуство покажало дека прегратката недостасува во начинот на живот во денешно време. Заради потребите на својата работа таа ангажирала уште една жена со која работат паралелно. Во моментов таа заработува во просек од 200 до 260 евра на ден.