30 пензионери чекале сиот свој живот, за да сега по првпат го видат океанот!
Замислете да го поминете целиот ваш живот сонувајќи да го видите океанот. За 30 пензионери од Меделин, Колумбија, долги години, ова била нивната реалност. Но, сега сè се променило!
Благодарение на една организација и неколку посветени луѓе, сонот на старите луѓе кончено се остварил!
Кога организацијата Анбаунд Антиоквија, преку нивната програма за стари лица, ги запрашала пензионерите за што мечтаеле сиот свој живот, одговорот на скоро сите од нив бил да го видат морето.
По соберените хуманитарни донации, тимот на организацијата успеа да организира лет за над 30 пензионери, учесници во програмата и да ги одведе во прекрасната Картагена, за да пливаат во зелено-сините води, да го почувствуваат песокот на нивните дланки и да остват, бескрајниот хоризонт да ги понесе.
„Во нашата организација, без разлика која е твојата возраст, ни ги поттикнуваме сите да продолжат да сонуваат! Ние ги слушаме неостварните желби на луѓето и ги претвораме во реалност.“- вели координаторот на програмата, Моника Гомез.
Анбаунд Антиоквија е непрофитна органзација која соработува со немоќни фамилии и ги поттикнува тие да го осознаат својот вистински потенцијал. Една од нивните програми работи токму со старите лица.
„За нив беше незамисливо нивниот сон да се оствари. Премногу сме среќни што ја остваривме нивната желба и го цениме тоа што од нив најмногу можеме да научиме.“- додаде Гомез.
За некои од пензионерите, покрај средбата со океанот, и летањето со авион беше работа која ја прават по прв пат.
„Сите успеаја да го видат океанот. Некои плачеа, некои се заблагодаруваа, а некои веднаш скокнаа од возбуда во водата!“- изјави тимот на организацијата.
Целиот срцезатоплувачки гест е документиран и со видео:
Во видеото на почеток, тимот зборува за својата работа, воедно прикаживајќи ги старите изнемоштени лица, а во 1:50-та секунда, веќе може да се забележи нивното пристигнување и здогледувањето по прв пат на величествената вода.