Ова е 3-месечното бебе Харви, коe помина цели 10 часа на распит во Лондон!
Бебето беше повикано во Американската амбасада на разговор, бидејќи неговиот дедо направил грешка при пополнувањето на документите, тој навел дека причината за посета е тероризам.
Харви требало да лета до Орландо Флорида, неговото прво патешествие преку океанот, но неговиот дедо Пол малку погрешил при пополнувањето на формуларот за визи. Тој позитивно одговорил на прашањето: „Дали сте биле вклучени во терористички активности, шпионажа, сапотажа или геноцид?“
Дедото ја сфатил грешката кога визата за неговиот внук била одбиена.
“Не можев да поверувам дека не виделе, дека станува збор за грешка, 3-месечно бебе не би можело да претставува опасност”, вели 62-годишниот дедо, за британскиот весник „The Guardian“
Бебето било донесенo до амбасадата во Лондон за испрашување. Патот до таму и разговорот траеле 10 часа. Харви се претстави “добро” на сослушувањето. Што во неговиот случај значи дека не е заплакал ниту еднаш.
Грешката на дедото чини 3000 фунти, бидејќи новата виза за планираното патување нема да биде готова.
„Тоа беше многу скапа грешка, но се надевав дека амбасадата на САД ќе разбере дека тоа е само грешка“, раскажува дедо му. “Воопшто немаа смисла за хумор и не ги гледаа работите од позитивната страна”, дедото е разочаран од американските службеници.
“Очигледно е дека никогаш не бил вмешан во геноцид, шпионажа, но саботирал неколку памперси во животот. Но, тоа не го реков во амбасадата”, завршува дедото.