Сини зони: 5-те места во светот каде луѓето живеат најдолго и најздраво
Светските статистики покажуваат дека просечниот животен век на глобално ниво е 71 година, што значи дека на некои места луѓето живеат пократко, а еве каде уживаат во долговечност и виталност.
Овие места се познати како Сини зони, именувани по сините кругови со кои научниците ги одбележуваат на мапата. Сините зони се дом се дом на најздравите и најстарите луѓе во светот, а еве кои се тие:
1. Сардинија, Италија
Секојдневна зеленчукова диета, физичка активност и огромна блискост со семејството се клучните елементи кои резултираа во оваа Сина зона да има висока концентрација на мажи кои се над 100 години. Нивната виталност се должи на здравите навики, особено на навиката да пешачат 5 милји дневно.
Според научно истражување, било откриено дека низ генетиката на ова население се движи и генетската варијација М26, која се поврзува со екстремна долговечност.
2. Окинава, Јапонија
Многу Сини зони го акцентираат семејниот однос и љубов, но овие елементи го достигнуваат врвот во јапонската култура. Луѓето во Окинава, во текот на својот живот ја имаат поддршката од моаи- мал општествен круг кој ги придружува и во нивните добри и лоши моменти.
Кругот овозможува доволна социјална сила да се пребродат стресовите. Резултат? Во Окинава живеат најмногу жени, притоа кои сите имаат над 100 години.
3. Никоја, Костарика
Повеќето жители на Сините зони избегнуваат преработена храна, но жителите на Никоја одат чекор подалеку. Традиционално, Костариканците ја добиваат потребната хранлива вредност од грав, пченка и тропско овошје. Оваа хранлива диета им овозможува сила и цврста виталност.
Во меѓувреме, Никојанците имаат поставено и животни планови кои им служат како водичи, со помош на кои тие се исполнети на ментално и духовно ниво и скоро сите достигнуваат возраст од 90-100 години, па и нагоре.
4. Лома Линда, Калифорнија
Ова е единствената Сина зона во САД. Комбинација од принципи, акцент на заедницата, придржување кон правилото ден за одмор, е сето она што им помага на жителите во Лома Линда да живеат 10 години подолго од останатите Американци.
Многу од луѓето кои живеат овде избегнуваат да јадат месо, а се фокусираат на консумирањето зеленчуци, цели зрна и плодови.
5. Икарија, Грција
Жестокото чувство на гордост е она што ги држи заедно Икаријанците на нивниот остров. Ова, комбинирано со доцни часови на спиење, попладневни дремки, строга приврзаност кон медитеранската храна- јадењето многу овошје, зеленчук, грав, цели зрна, компир, маслиново масло, ја дава статистиката која покажува дека 1 од 3 жители на овој остров живее над 90 години и без притоа да страда од хронични заболувања или пак, деменција.