5 лесни и превкусни рецепти за кои ќе ви бидат потребни по 2 состојки
Време е за кулинарско шоу и вие во главна улога! Следните 5 рецепти ќе ви одземат малку време, а уште помалку состојки, а резултатот ќе биде воодушевувачки!
Во продолжение откријте како да направите чоколадна торта, шербет од јагоди, нискокалорични тестенини, крцкав леб и чоколадно суфле, за кои поединечно ќе ви требаат само 2 состојки.
Под рецептите, на крај, следува и видео, за подобри визуелни инструкции.
1. Чоколадна торта
Потребни состојки:
- Чоколада
- 4 јајца
Начин на подготовка:
Стопете ја чоколадата, а потоа додека таа се лади, одделете ги жолчките од белките. Измутете ги белките додека не се оформи пенеста смеса. Пренесета ја стопената чоколада во друг сад и постепено со континуирно додавајте ги 4-те жолчки. Потоа додадете ја и пенестата смеса од белките.
Сето добро измешајте го и ставете го во сад за печење. Печете 30 минути на температура од 170°C.
На крај декорирајте со шеќер во прав и овошје по желба.
2. Шербет од јагоди
Потребни состојки:
- 453 грама јагоди
- 1/4 шолја мед
Начин на подготовка:
Детално исчистете ги јагодите и замрзнете ги. Потоа замрзнатите јагоди ставете ги во блендер и додадете 1/4 шолја мед. Добиената смеса ставете ја во сад, притоа добро распоредете ја насекаде и повторно замрзнете.
На крај сервирајте и уживајте во фантастичниот вкус!
3. Нискокалорични тестенини
Потребни состојки:
- 1 шолја рендадана моцарела
- 1 жолчка
Начин на подготовка:
Стопете ја ренданата моцарела. Ако користите микробранова, тоа ќе ви одземе само 1 минута. Потоа во стопената смеса, додадете ја жолчката и измешајте ја добро со моцарелата. Во тепсија за печење, ставете хартија за печење. Нанесете ја приготвената смеса, а потоа врз истата, повторно ставете парче хартија за печење и преку истата, распространете ја смесате на поголема површина.
Отстранете ја горната хартија за печење и тестото исецкајте го на тенки ленти и замрзнете. Потоа кога ќе сакате, како и за стандардните тестенини, ставете ги да се варат и потоа искомбинирајте ги со состојки по важа желба.
4. Крцкав леб
Потребни состојки:
- 1 шолја грчки јогурт или кисело млеко
- 1 шолја брашно
Начин на подготовка
Во сад ставете го киселото млеко, а потоа додадете го и брашното. Добро измешајте, а потоа на даска за месење, на површината посипете малку брашно, а потоа ставете го тестото што претходно го добивте.
Поделете го на 4 мали дела и секој дел поединечно, со помош на сукало, развлечете го. Вака направените лепчиња, испечете ги на тава. На крај искомбинирајте со ваши омилени производи и уживајте.
Доколку немате идеја, видеото ви ги дава предлозите на комбивинирање со сос од лук, со пилешко и зеленчук, со јајце и авокадо или направете пица.
5. Чоколадно суфле
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 1/2 шолја чоколаден крем
Начин на подготовка:
Одделете ги жолчките од белките, а потоа во садот со жолчките додадете го чоколадниот крем и добро измешајте.
Измутете ги белките и добиената пенеста смеса додадете ја во другиот сад, каде што се измешани кремот и жолчките.
Добиената смеса ставете ја во калап и печете 15 до 17 минути, на температура од 190°C. Декорирајте по желба.
Еве како да ги подготвите рецептите, со помош на видеото: