Пред и потоа: Тинејџери ја креваат свеста за менталното здравје со нивни лични фотографии
1 од 5 адолесценти имал или моментално има сериозно нарушување во однос на менталното здравје, како што е депресијата и анксиозноста.
Менталните нарушувања не ги одминуваат и јавните личности. Така, Квенлин Блеквел, која е позната блогерка, е една од многуте тинејџери кои се соочиле со нарушено ментално здравје.
На нејзиниот профил, на социјалната мрежа Твитер, Квенлин јавно зборуваше низ сè што поминувала, зборуваше за нејзината депресија и анксиозни напади, кои довеле до нарушување и во исхраната.
Пред неколку дена, Блеквел ја објави оваа фотографија, споредувајќи како изгледала таа однадвор додека се соочувала со нарушувањата.
Со тоа младата девојка сакаше да ја покаже драстичната разлика:
Набрзо, нејзината објава се прошири низ цел Интернет и Блеквел ги инспирираше нејзините врсници кои поминуваат низ истото, да споделат свои фотографии, а резултатот е неверојатен: