Луксузниот бренд Луј Витон ќе произведува телевизори, но не во формата во која сме навикнале
Вистинска модна револуција или повторно каприц на ексцентричните дизајнери?
Модната индустрија постојано е опкружена со генијални умови кои создаваат неверојатни работи, а оригиналноста секогаш е на прво место.
Така, овој пат со оригиналноста се издовои омилениот бренд на сите, кога станува збор за луксузните работи- француската модна куќа Луј Витон.
По повод претставувањето на новата колекција за летната колекција за 2020-та година, на модната писта манекенките носеа чанти со сосема функционална површина т.е видео екрани прикачени од страните.
„Платно на иднината“ е наречен најновиот изум на Луј Витон, кој чантите ги претвора во телевизори, со екрани како што имаат паметните телефони.
Што мислите, дали со задоволство би носеле ваква чанта или сепак не?