Маж инспириран од супер херојот Капетан Америка, го трансформираше своето тело, а резултатите се неверојатни
Фановите секогаш се под влијание на нивните омилени и популарни ликови, но овој маж отишол еден чекор подалеку, докажувајќи дека тоа влијание може да биде и позитивно.
Анураг Чаурасија се инспирираше, но истовремено и самиот тој стана вистинска инспирација. Односно, откако го изгледал популарниот филм „Капетан Америка“ со главна улога на актерот Крис Еванс, во 2011-та година, филм во кој станува збор за истоимениот супер херој, Чаурасија решил и тој да се трансформира.
Но, не само физички, туку и психички.
„Отсекогаш сум бил голем фан на супер хероите, особено откако беше прикажан филмот „Железен човек“ во 2008-та година. Тоа што отсекогаш бев доста слаб имаше големо влијание врз мене. Сцените во кои послабите се заштитени од насилниците ме правеа навистина среќен. А кога го видов Капетан Америка, точно знаев дека и јас сакам таков да станам- заштитник!“- вели Анураг.
Неговата трансфoрмација започнала од 2011-та година, а по неколку неуспешни обиди, Анураг конечно го пронашол вистинскиот пат. Така со 100% труд и волја, правилна исхрана и многу вежбање, самиот тој денес стана супер херој и инспирација на која позитивно реагираше цел Интернет.
Еве како тој изгледа сега: