Не трошете повеќе пари за педикир: Овие 2 состојки од кујната ќе го решат проблемот со испуканите пети
Сувата и испукана кожа на петите се проблем со кој се соочуваат дамите во топлите месеци. Сувата кожа на петите е непријатна за гледање кога нозете се боси во отворени сандали и апостолки. Покрај непријатниот изглед, доколку пукнатините се подлабоки може да предизвикуваат болка, а во потешки случаи и иритација на кожата.
Ви претставуваме 2 рецепти кои ќе ви помогнат да направите ефикасен лек кој ќе ја омекне кожата на вашите пети и ќе заздрават пукнатините.
1. Рецепт со сода бикарбона и млеко
Потребно:
- 3 лажици сода бикарбона
- 4 чаши млеко
Подготовка:
Истурете го млекото и додадете сода бикарбона. Измешајте ја добро смесата и претурете ја во длабок пластичен сад со големина на вашите стапала. Поставете ги нозете во садот и оставете смесата да делува 10-на минути. Потоа исчистете ги нозете со ладна вода и резултатите се видливи веднаш.
2. Рецепт со лимон, сол, глицерин и розова вода
Потребно:
- 1 лажица сол
- 1/2 чаша сок од лимон
- 2 лажици глицерин
- 200 мл. Розова вода (можете да набавите од аптека)
- топла вода
Подготовка:
Земете сад со топла вода и додадете сол, осум до десет капки сок од лимон, една лажица глицерин и една лажичка Розова вода. Потопете ги нозете за околу 15-20 минути во оваа вода.
За подобар ефект можете да ја направите истата смеса настрана од садот со вода, во вид на кремаста, леплива крема која е добро да се нанесува секоја вечер пред легнување и потоа да се облекуваат памучни чорапи кои ќе ја задржат кремата за петите во текот на ноќта.