Жена на необичен начин откри дека сопругот ја изневерувал со нејзината сопствена мајка
За секоја жена, дознавањето дека партнерот ја изневерувал, може да биде навистина непријатно искуство. Но, за оваа жена од Австралија, откривањето на таа вистина е траума што остава последици!
За време на австралиската радиоемисија „Групна терапија“, на водителите им се јавуваат личности кои бараат совети за проблемите со кои се соочуваат или пак, едноставно ги раскажуваат своите лични приказни.
Овој Понеделник, најверојатно ни тие самите не очекувале да даваат совет за една лична, но дефинитивно не и обична приказна.
Во радиото се јавила 27-годишната Тања која решила да сподели зошто нејзиниот брак завршил и зошто сега поминува низ тежок развод.
Пред само неколку недели, Тања се соочила со сопругот и нејзината мајка, за кои веќе подолго време се сомневала дека имаат љубовна афера.
Нејзиниот сопруг се однесувал отсутно, додека пак, кога се соочила со нејзината мајка и и го побарала телефонот за проверка, мајката заземала заштитнички став, при што одбила да каже било што во врска со нив двајца. Не потврдила, но ниту пак не демантирала дека тоа е лага.
„Навистина е хаотично. Мајка ми се вознемири премногу. Целата вина ја префрли врз мојот сопруг, започна да однесува заштитнички, дури ме нарече со погрдни имиња. А всушност не ми ни одговори на прашањето.“- рече Тања во емисијата.
Подоцна, љубовната афера била разоткриена и потврдена од членови на семејството, а кога Тања се соочила со нејзиниот партнер и мајка, тие избегнувале да одговорат.
„Кога лично се соочив со нив, започнаа меѓусебно да се обвинуваат и толку се беше очигледно, што повеќе не можев да ја поднесам ситуацијата.“- додаде Тања.
Истовремено додала дека не е сигурна кога нивната врска започнала, но најверојатно било подолго време. Тања со нејзината мајка била доста блиска, при што дури кога сопругот првпат ја изневерил, таа се доверила на нејзината мајка за помош.
Разочараната жена изјави дека првиот пат останала во бракот поради нивната ќерка, но овој пат не можела да премине преку сериозноста на ситуацијата.
Зачудувачки, малку подоцна во радиоемисијата се јавиле и други слушателки кои се соочиле во минатото со истиот проблем, а една од жените дури изјавила дека нејзината мајка останала бремена со момчето со кое ќерката одела подолго време.