Слатка пролет: Сочен колач со јагоди
Денес на менито е сочен колач со едно од најомилените овошја за оваа сезона, величествените јагоди. Прочитајте во продолжение како да го приготвите на многу едноставен и брз начин.
Потребни состојки
За кората:
- 4 јајца
- 2 лажици брашно
- 2 лажици густин
- Малку прашок за пециво, колку да го покрие врвот од ножот
- Рендана кора од лимон
- 1 ванилин шеќер
За филот:
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 2 дл млеко
- 1 лажица густин
- 1 пакетче желатин
- 4 дл слатка павлака
Додатно:
- 1 дл сок по желба за натопување на бисквитите
- 700-800 грама јагоди
- 2 црвени преливи за торта
Начин на подготовка
За кората:
- Измутете ги жолчките со шеќерот, а потоа додадете ги и останатите состојки. Од белките претходно направете бела пенеста текстура и истата подоцна додадете ја на првата смеса. Добро измешајте.
- Добиената смеса излејте ја во тепсија со големина 25×30 и печете околу 20 минути.
- Добиеното бисквитно тесто натопете го со овошен сок.
За филот:
- За потребите на филот, измешајте ги жолчките, шеќерот, густинот и млекото и гответе на пареа. Додека се приготвува, во врелата смеса додајте желатин и пенеста смеса, за чие добивање претходно ќе ви требаат 3 белки.
- Потоа оставете го филот да се излади, а потоа додадете ја слатката павлака.
Крајна подготовка:
- Исецкајте ги јагодите и на бисквитното тесто, распоредете ги насекаде, притоа да бидат на мало растојание едни од други.
- Нанесете од филот, а потоа повторно ставете од јагодите насекаде.
- Прелијте со црвен прелив и оставете добро колачот да се излади, преднегово послужување.