Паметните телефони се главните виновници за зголемениот пораст на самоубиства кај тинејџерите
Нова генерација на млади луѓе минува низ „минско поле“ на адолесценцијата, за прв пат во историјата, целосно обземена од ерата на паметните телефони.
Сакале или не, технологијата веќе комплетно го превзема нашето секојдневие и ако целта е постојано луѓето да се во чекор со апликациите, кои непрекинато се ажурираат, сепак корисниците не се среќни и исполнети.
Според статистиките, во последните 5 години, менталното здравје на тинејџерите ширум светот, значително се влоши, а сега американскиот психолог Д-р Жан Твенге објаснува зошто е тоа така.
Ново истражување кое беше спроведено од неодамна, ги откри катастрофалните последици од користењето на паметните телефони врз децата, тинејџерите и младите родени во 90-те години, кои се чувствуваат сами и осамени, а всушност се контролирани од уредот од кој не се оддалечуваат- паметните телефони.
Во периодот од 2010-та година до 2015-та година, само во Америка, бројот на тинејџери кои се чувстувале бескорисно и нерасположено, што пак довело до состојба на депресија, се зголемил за дури 33%, а обидите за самоубиство се зголемиле на 24%.
Лошото ментално здравје е многу поприсутно меѓу младите генерации, за разлика од постарите, а вознемирувачки е фактот што најмногу децата кои се на возраст од 13 до 18 години, посегнуваат по својот живот.
„Проблемот е универзален. Децата стануваат се помалку бунтовни, сè повеќе толерантни, а всушност го немаат веселото расположние во нив, бидејќи постојано гледаат во екраните, а се таму што се случува, ги прави анксиозни и депресивни. Суицидните мисли ги опфаќаат повеќето млади, без разлика на социо-економските или културни фактори“- вели Д-р Танге.
При истражувањето, таа додава дека порастот на самоубиства значително отскокнал нагоре особено кај девојчињата.
Во светот, 75% од младата популација веќе има овозможен пристап до паметните телефони.